„Прогонетите “ на современата турска писателка Чилер Илхан е посветена е на сите оние вести, почнувајќи од окупацијата на Ирак, на жените од Батман, на експерименталните кучиња, на Пипа, на Хрант Динк и жителите на ромската населба Сулукуле, „на прогонетите од своите домови, од својата татковина, од своите тела и душа, со надеж дека ќе се вратат во татковината која тлее во самите нив.“ „Прогонетите“ е книга раскази со вкус на роман којашто впечатливо гледа подлабоко во раните на општеството кое крвари, напишана со специфичен книжевен јазик и со раскази поврзани еден со друг, кои сигурно ќе Ве вознемират и ќе Ве направат повеќе свесни за светот кој не’ опкружува.
Томислав Османли – Стрип – деветтата уметност
500,00 денВо „Стрип – деветтата уметност“, како што загатнува насловот, Османли хируршки прецизно ја обработува стриповската полисемичност, внимателно анализирајќи го неговиот јазик и законитостите што го прават стрипот засебна уметност, и темелно истражува низ неговото минато доловувајќи дел од најбитните дела од деветтата уметност. Наспроти општото непрецизно мнение за стрипот како ништо повеќе од жанровска определба, засилено од холивудскиот тренд за филмување американски стриповски суперхерои, Османли одговара со пробивање на жанровските и тематски стеги и оди отаде стилските лимитации. И, водејќи се од мислата на стрип класикот Берн Хогарт за тоа дека „стрипот не треба да се бори да стане уметност, зашто тој веќе е тоа, но треба да се бори за неговото рамноправно место меѓу другите уметности“, Османли ѝ пристапува на оваа уметност како на (вистинска) уметност – академски, со сериозна посветеност и задлабочено.
Александар Стеванов