400,00 ден

Човекот што зборуваше змиски Андрус Кивирахк

Ова е приказна за момчето Леемет, жител на една естонска шума во времето на средновековна Европа, кој има за задача да ги зачува древните традиции на прагот на модерното време.

На залиха

10 , ,
Сподели

Ова е приказна за момчето Леемет, жител на една естонска шума во времето на средновековна Европа, кој има за задача да ги зачува древните традиции на прагот на модерното време. Приказна полна фантастика и естонски фолклор и традиција. Леемет е последниот човек што го зборува древниот змиски јазик, јазик со кој може да комуницира и да управува со животните. Последен е оти шумата постепено се празни, луѓето се преселуваат во селата, почнуваат да работат и да се мачат обработувајќи земја и да одгледуваат жито за „леб“ (храна за која во шумата се вели дека е грозна) и каде што му се молат на бог многу поинаков од самовилите што дотогаш биле обожувани во светата корија. Приказна во која се трага по величествениот Северен Жабок, во која мечките ги заведуваат жените, волците се домашни животни, змиите и луѓето се браќа, а границите на реалноста и фантастиката се невидливи… Приказна за изумирањето и крајот на епохите. Остра критика на човечката глупост, на помодарството и постојаното жалење по некој одамна згаснат начин на живот, критика на суеверните и религиозните фанатици, на сервилната природа на малите народи кон западните вредности, почнувајќи од стариот Рим па сѐ до ден денес… Книга за љубовта и пријателството, за семејните вредности и за загубите… За потрагата по смислата на животот додека околностите постојано се менуваат… И сето тоа раскажано со многу леснотија и со исклучителна смисла за црн хумор!

Оваа книга е толку многу сакана во Естонија што според неа направена е дури и популарна игра со табла. Доживеа феноменален успех во Европа и во Северна Америка и е една од најпродаваните естонски книги на сите времиња! Преведена е на англиски, германски, шпански, француски, холандски, латвиски, чешки, германски, унгарски, дански, руски, а сега и на македонски јазик.

Questions and Answers

You are not logged in