Во “Болестите на модерното време” авторот се фокусира врз модерниот концепт на само-исполнување, често напаѓан како централна поддршка на она што се дефинира како “култура на нарцизам”. Мислењата околу трансформацијата на модерната култура и општество се поларизирани, па токму затоа Тејлор се обидува аргументирано да одговори што треба да претставуваат суштинските потреби на современиот човек, не прескокнувајќи ги традиционалните вредности и социјалните обврски во заедницата како автентични импулси кои треба да бидат вградени во вредностите на новото време. Неговиот став дека со разграничување на доброто кон кое се стремиме од социјалните и политичките опасности кои постојано не демнат, можат да создадат добра база за подобро утре на човештвото.
Сања Михајловиќ-Костадиновска – Во кратки црти
150,00 денЗбирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски