Лагата и вистината ги означуваат различните, понекогаш дури и спротивставени поимања на реалноста. Што е лага, а што вистина не е секогаш лесно да се одреди, посебно не, кога се доведува во прашање сопствениот начин на живот. Оној кој лаже, може да се убеди себеси и другиот во таа лага, само доколку и самиот верува во неа и се чувствува навреден, кога другиот ќе го нарече лажго. Кој не умее да лаже, не знае што е вистина, вели Заратрустра на Ниче.
Бернхард Шлинк се соживува и воздржува во раскажувањето. Со својот трезвен и ненакитен јазик тој успева да не допре и да не внесе во своите раскази. Тој го познава својот занает.
Сања Михајловиќ-Костадиновска – Во кратки црти
150,00 денЗбирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски