Романот Шиндлеровата листа предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на антисемитизмот и историјата на Втората светска војна. Шиндлеровата листа е прекрасна книга заснована врз вистинска приказна за тоа како еден германски воен профитер и директор на затворенички логор Оскар Шиндлер успеал да спаси повеќе Евреи од гасните комори одошто кој било поединец во текот на Втората светска војна. Во ова врвно дело на литературата за Холокаустот, според кое беше снимен и филм кој освои повеќе Оскари, Томас Кенили користи вистински сведоштва на Schindlerjuden – Шиндлеровите Евреи – за брилијантно да
ги портретира храброста и остроумноста на еден добар човек насред неописливото зло.
Како да бидеш парижанка, каде и да си : љубов, стил и лоши навики
700,00 денАвтор: Ан Берест Одри Диван Каролин де Мегре Софи Мас
Издавачка куќа: Полица
Број на страни: 266
Година на издавање: 2016
Оригинален наслов: How to be Parisian wherever you are : love, style, and bad habits