Песните во книгата ја изразуваат поетската вештина, не само за исполнување одредена форма, туку и за наоѓање простор во неа за испитување на јазичната разиграност, духовитоста, звучноста, но, исто така, и на полисемичноста на зборовите на српски јазик. Играње со правила и задачи, но, исто така, и пребарување и наоѓање нови значења и комбинации. Во исто време, поетот носи сериозна содржина во овие поетски форми: приказната за историјата на родниот крај, но и за неговиот книжевен интерес околу проблематиката на домот и бездомништвото, трагедијата и комиката, поетиката и етиката итн.
СМРТТА Е НАСЛЕДНА од Ервин Јахиќ
300,00 денАко некој во поновата хрватска поезија е трагач по светот отаде, она што го надминува
нашето видено искуство, тогаш тоа е Ервин Јахиќ кој светот отаде го наоѓа во контактот
со блиските на кои им се обраќа во своите песни.