Ѓоко Здравески, Ана Голејшка-Џикова – Астални проекции

400,00 ден

„Астални Проекции“ – поетскиот маратон кој четириесет месеци им даваше посебен „шмек“ на скопските вечери и ноќи – на астал.

Скопскиот „пијан брод“ што го кормилареа Ана Голејшка и Ѓоко Здравески секој прв вторник во месецот се прибираше во својот пристан, чаршиската „Менада“, за да прими нови патници, а оттаму пловеше без котва и сѐ уште се снове по нашите мисли и животи. На неговата палуба запознавме стотици поети и поетеси од нашето маало и од светот. Екипажот ни го пренесува во книгава курсот на патешествието, за да го фатат и оние што задоцниле, а на другите да не им избега од вид. Втората, исклучително драга книга во монографската едиција „Плочка“ го документира – со стихови и слики – едно од нашите најубави градски искуства. „Кај и да е, кај и да е…“

ЖОЛТАТА КУЌА од Вилијам Вол

број на страни: 10

Формално авантуристички, политички ангажирани, историски и културолошки будни и слободоумни, песните на Вилијам Вол зборуваат за поетот за кого можноста поезијата, како еден вид одговор на збиднувањата и опишување на светот, е возбудливо жива и подготвена за акција.

ЛОВОСТОЈ од Моника Херцег

300,00 ден

Над митологијата на поетскиот субјект и неговото нескриено и доминантно рацио, како тајни, но референцијално и цитатно присутни добри чуварки, бдеат фигурите на канонските светски поетеси, како што се Шимборска или Силвија Плат.

КАКВА ПОЛЗА ИМА ЧОВЕК ОД ТОА ЕДНО УТРО ДА СЕ РАЗБУДИ ОД ОВАА СТРАНА НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ од Ким Симонсен

500,00 ден

Стиховите во оваа книга се стихови на преминот. Од град во шума, од остров во море, од сурово во нежно и од нежно во сурово, од приказна во минијатура, од век во друг век, од едно тисуштолетие во друга тишина.

СМРТТА Е НАСЛЕДНА од Ервин Јахиќ

300,00 ден

Ако некој во поновата хрватска поезија е трагач по светот отаде, она што го надминува
нашето видено искуство, тогаш тоа е Ервин Јахиќ кој светот отаде го наоѓа во контактот
со блиските на кои им се обраќа во своите песни.

Меч од мечти од Диме Данов

300,00 ден

Замислете си огромен зелен капут, а во него доволно простор за да се
сокријат сите чудесни новонастанати светови, сета магија што ја носат
соништата, мечтите, копнежот и онаа најгласната тишина на премолченото.