Песните во книгата ја изразуваат поетската вештина, не само за исполнување одредена форма, туку и за наоѓање простор во неа за испитување на јазичната разиграност, духовитоста, звучноста, но, исто така, и на полисемичноста на зборовите на српски јазик. Играње со правила и задачи, но, исто така, и пребарување и наоѓање нови значења и комбинации. Во исто време, поетот носи сериозна содржина во овие поетски форми: приказната за историјата на родниот крај, но и за неговиот книжевен интерес околу проблематиката на домот и бездомништвото, трагедијата и комиката, поетиката и етиката итн.
ЖОЛТАТА КУЌА од Вилијам Вол
број на страни: 10
Формално авантуристички, политички ангажирани, историски и културолошки будни и слободоумни, песните на Вилијам Вол зборуваат за поетот за кого можноста поезијата, како еден вид одговор на збиднувањата и опишување на светот, е возбудливо жива и подготвена за акција.