Градовите Варшава, Прага, Сараево, Загреб, Краков или Љубљана, на кои
им е доверено местото на поетското дејство, се емоционална географија на
далечината (…) За среќа, тие се точки на бегството во кои авторовиот јазик
се чува и се обновува во своето големо страдање и грижа да го искажува тоа
што е инаку неискажливо.
СМРТТА Е НАСЛЕДНА од Ервин Јахиќ
300,00 денАко некој во поновата хрватска поезија е трагач по светот отаде, она што го надминува
нашето видено искуство, тогаш тоа е Ервин Јахиќ кој светот отаде го наоѓа во контактот
со блиските на кои им се обраќа во своите песни.