Јосип Коцев ѝ припаѓа на најмладата македонска поетска генерација дебитирајќи со поетската збирка „Јас, Квентин Скриблер“ во 2015 година. И пред и по поетската збирка, поетот објавуваше и објавува стихови, песни и поетски мисли, пред сѐ на социјалните мрежи, па на некој начин читателите го доживуваат како поет-самотник, безгенерациски поет, во целост посветен на љубовната лирика, кој во мигот кога ја креира, и ја споделува со читателите. Моето воодушевување од првиот прочит на стиховите на Јосип Коцев трае континуирано со секоја негова нова прочитана песна. Поетскиот ракопис „Напишана тишина“ само го потврдува огромниот поетски талент на Коцев, поет каков што во историјата на една национална книжевност, буквално се раѓа ретко, и токму затоа треба да направиме сѐ за да може и да расте и да се развива на најдобар можен начин.
Голтка восхит од солзите на вечноста
200,00 денАвтор: Александар Русјаков
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Поеза
Број на страни: 204
Година на издавање: 2016