370,00 ден

Попреченост: текстови за инвалидните тела

Автор: Зборник
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: 20/21 Век
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Во книгава пренесуваме пет влијателни есеи од областа на „студиите за попреченост“ и, во вториот дел, дваесетина кратки есеи за телото. Со книгава настојуваме да го поттикнеме знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост, но и кај пошироката заедница (академската, на пример) ќе го приближи знаењето за попреченоста, со што ќе се поттикнат емпатијата, солидарноста и вклученоста во општеството.

Овој мал зборник за попреченоста, прв од ваков тип на македонски, сака да биде, значи, ем интелектуален резервоар на клучните идеи за попреченоста, ем поттик за развој на активизмот на луѓето со попреченост кај нас. На активизмот многу често му се потребни рефлексии и промислувања, за да фати чекор со поширокото опкружување, но и за подобро да се разбере самиот себе.

Questions and Answers

You are not logged in