Во своите мали приказни, кои едвај се прикриени со мимикријата на басната, Бирс ѝ се препушта на својата цинична фантазија до крајни граници, маѓепсувајќи едни, а разгневувајќи други читатели. По Диоген, Емброуз Бирс е можеби најпознатиот мизантроп. Со таа разлика што Бирс воопшто не посегнал по ламба за да го бара човекот. Опседнат со бесмислата и механичноста на постоењето, тој ги претвора своите басни во пеколна песимистичка машина. Од овие мали ремек-дела, покрај апсурдот, блеска луцидноста на уникатниот црн хумор на Емброуз Бирс.
ТАЈНАТА КНИГА НА БОГОМИЛИТЕ
300,00 денМистеријата со која е обвиткано богомилското движење се должи и на фрагментарната и само делумно сочувана изворна граѓа. Еден од најмистериозните манускрипти е Тајната книга, која содржи резиме на богомилската доктрина и се смета за автентично дело на богомилската литература.