Песните во книгата ја изразуваат поетската вештина, не само за исполнување одредена форма, туку и за наоѓање простор во неа за испитување на јазичната разиграност, духовитоста, звучноста, но, исто така, и на полисемичноста на зборовите на српски јазик. Играње со правила и задачи, но, исто така, и пребарување и наоѓање нови значења и комбинации. Во исто време, поетот носи сериозна содржина во овие поетски форми: приказната за историјата на родниот крај, но и за неговиот книжевен интерес околу проблематиката на домот и бездомништвото, трагедијата и комиката, поетиката и етиката итн.
КАКВА ПОЛЗА ИМА ЧОВЕК ОД ТОА ЕДНО УТРО ДА СЕ РАЗБУДИ ОД ОВАА СТРАНА НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ од Ким Симонсен
500,00 денСтиховите во оваа книга се стихови на преминот. Од град во шума, од остров во море, од сурово во нежно и од нежно во сурово, од приказна во минијатура, од век во друг век, од едно тисуштолетие во друга тишина.