Менталната институција во која се буди го пречекува Слободан само со нејасни фрагменти за неговото претходно постоење. Некогаш бил почитуван новинар а сега му велат дека сите негови сеќавања се лага. Никогаш не бил важен дел од општеството туку само маргинализиран запчаник од општествениот механизам каде ‘рѓата најмногу се наталожува. Слободан влегува во потрага по вистината, обременет од сомнежот дека можеби сите слики во неговиот ум се дел од шизофрена епизода. Неговите сожители не се најпријателски расположени, но тој сфаќа дека имаат уште нешто заедничко освен страшните кошмари. Како сѐ што им се случува да е дел од некоја лоша шега, како нивната терапија да е всушност заробеништво. Дали кошмарот ќе продолжи дури и ако неговиот план да побегне пропадне? Во што ќе се разбуди ако не успее да ја избегне процедурата на која сакаат да го подложат и ако таа ја заврти оската на механизмот во неговиот ум?
Васко Марковски – Непозната Македонија
450,00 ден„Непозната Македонија“ е еден голем мозаик составен од разнобојни, дребни, но филигрански обработени каменчиња, што функционираат како необврзна редоследна целина, пред сѐ според слободната сугестија на авторот на ракописот, но коишто, едновремено, можат да се читаат и независно и по слободен избор на редоследите, запазувајќи ги врските на прочитот единствено во најмалите мониста, кои Марковски ги ниже едноподруго, речито, од повеќе аспекти: од една страна информативно, но и чувствено богато – осветлувајќи места, простори и скриени урбани и природни локалитети, кои се дел од неговите, најнапред, лични преоткривања на просторот што толку многу му значи, и чии бројни аспекти и суштини ги споделува со својот читател како од него откриени, а од нив многу притаени и скриени скапоцености на овој така слоевит и богат простор… Во неговата книга се вкрстуваат сегашните објекти, простори, изгледи и минати приказни, митови, истории, ликови во една долга и богата низа од сказови, патеписи, репортажни записи и сведоштва на изворни личности.
Томислав Османли