Во Првиот универзитетски ден на мојата ќерка ништо не е така како што навидум изгледа (дури ни здравите јаболка на масата во болно време!); но, затоа пак, сè е беспрекорно како што беше и во Гаргара; сè е како што треба да биде во секоја одлична книга која решително ги совладува локалните сопки на патот кон универзалната, севремена и сепросторна литература. Оливера Ќорвезироска
ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф
300,00 денВирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.