Полицијата го пронаоѓа свештеникот Михаил покрај телото на мртвата сопруга, за која тврди дека ја нашол така откако тргнал на пат, но се вратил зашто го заборавил пасошот дома. Но, тоа и не е единствената трагедија – откриваат дека Даниел, петгодишниот син на свештеникот, е исчезнат. Дали е киднапиран, дали побегнал или, пак, станува збор за нешто пострашно? Дали свештеникот е убиец на својата сопруга или сторителот е некој друг? Каде е малиот Даниел? Одговор на овие прашања ќе се обидат да најдат инспекторите Деспотовски и Силјановска, кои сфаќаат дека случајот е покомплициран отколку што им изгледа на прв поглед.
Бојан Бабиќ – Илегален Парнас
250,00 денГлавниот јунак на романот, провинциски архитект кому локалните безделничари му го даваат подбивниот прекар Курвазје, се обидува во родниот град М. да го изгради Парнас – комплекс градби сочинет од копии на делата на славниот архитект Ле Корбизје – културен центар каде што уметниците треба да се собираат и да работат на своите дела. Многу бргу се соочува со арогантноста на локалните политичари, заткулисните дејства на тајкуните и цела низа опструкции, типични за една темелно девастирана средина. Препуштен сам на себе и на својот идеализам, младиот архитект се обидува да го доврши своето животно дело, да го изгради она за што отсекогаш сонувал. Не сфаќајќи колку неговиот потфат е неостварлив, сместен во затворска ќелија, Курвазје запаѓа во сомнабулна состојба каде што се мешаат јавето и сонот, а неговиот свет сѐ повеќе станува фантазмагоричен и сеништен.
Бојан Бабиќ (Белград, 1977 г.) досега објавил девет книги поезија, кратки раскази и подолги прозни форми. За омнибус-романот „Девојчиња, бидете добри“ е награден со стипендија на „Фондот Борислав Пекиќ“. Израснал во Младеновац. Живее и работи во Земун.