„Книгата на таткото“ претставува некролог на своеволието, оддалеченост од реалноста и опседнатост со литературата на еден фанатичен човек, кој го заборава светот околу себе и кој имал среќа да и’ го препушти реалниот живот на својата жена. Затоа оваа книга воопшто не е книга на таткото, туку е роман за еден човек, кој се вљубува во литературата. Во ова литерарно изјавување на љубов, Видмер, за инает на целата семејна трагичност, дава еден иронично ведар тон и притоа умешно ги поврзува семејната хроника и историјата.
ГЛАДОМОРЈЕ од Јована Матевска Атанасова
300,00 ден„Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.