Романот „Институт за регулирање на времето“ на специфичен начин го проблематизира современиот турски идентитет, којшто повеќе го задржува одошто го отстранува „османлиското“ во себе, и се смета за книжевно ремек-дело на иронијата и сатирата на турското општество на преминот од Империја во Република. Според критичарот Ердаг Ѓокнар, „Иститут за регулирање на времето“ е редуктивна перцепција на Турција како нација, приклештена меѓу Истокот и Западот, односно на нејзиниот постепен премин од едната кон другата насока, и според која разбирањето на Турција на утрешнината лежи во разбирањето на нејзиното неодамнешно Османлиско минато. Романот маестрално и иронично ја опишува состојбата на бирократскиот фетишизам, преку една непродуктивна организација (Институт) која на крајот пропаѓа, но ќе продолжи да живее преку „постојаната комисија за надзор“ на чело со еден од главните јунаци – Халит Регулаторот. Читателот, без оглед на претерано карикираните ликови и апсурдниот тек на настаните, ќе се смее до солзи кога ќе ги чита вистините за своето општество, за кога ќе заврши со читањето, на лицето да му остане горчлива и тажна насмевка.
Маргарет Атвуд – Завети
700,00 ден„Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“