“Воглавно, устата на жената, начинот на кој се однесува при бакнување ни дава една прилично јасна слика за она што ќе биде нејзината вагина. Таа е само помалку мистериозна реплика што се однесува до внатрешноста и до дното, ама исто толку моќна што се однесува до ненаситноста. Суви усни и тврдоглав јазик најавуваат тесна и „тешка” вагина. Големите плунковни игри, грчевите и гризовите кои го подувуваат грлото однапред ги обликуваат бескрајно навлажнетите убавини на еден хистеричен орган. Жули ѝ припаѓаше на вторава категорија. Сакаше да бацува, да ја навали својата бледа глава, да ги затвори очите, да ми го голтне лицето, и да бара повеќе со мали удари со јазикот.”
Сања Михајловиќ-Костадиновска – Во кратки црти
150,00 денЗбирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски