Едноминутните новели во Унгарија се слават како литературна сензација, како нов вид кратка прозна форма. Новелите се толку типично еркењски што никој не се осмелува да ги пишува, од почит кон нивниот татко. Еркењ со децении го оформувал овој жанр со цел да го приспособи кон својата духовитост. Едноминутната новела настанува со исфрлање на сè што е неопходно за текстот, а функционира преку формулата „минимум исказ од страна на писателот и максимум имагинација на читателот.“ Во овие куси раскази обединети се елементи на анегдота, виц, бајка, легенда, мит, градски фолклор, новинарски жанрови. Авторот успева да создаде атмосфера во која се мешаат црниот хумор, апсурдот, параболата, политичката сатира.
Маргарет Атвуд – Завети
700,00 ден„Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“