Секогаш кога на македонската книжевна сцена се претставува жена-автор, веднаш се потенцира фактот на „женското писмо“. Иако во текстот на Младеновска Анѓелков машките ликови се маргиналци од најголем степен, во него нема да најдете речиси ниту трага од онаа традиционално „женска“ литература преполнета со излишна реторика и внатрешни сензации. Освен тоа што раскажувањето е речиси камерманично, без претераност во психологизацијата, истовремено е и толку дрско, „машко“: јазикот е доведен до сурово, колоквијално ниво, сликите се потресни и вознемирувачки, случките се крајно вџашувачки, стилот е храбар и бескомпромисен. Авторката не се обидува ништо да премолчи, не ги ампутира или прикрива болните и/ли трауматични места. Сосема спротивно. Таа гази одлучно и сигурно по стапките кои водат кон детството на „двете жени“, раскривајќи ни склоп од ликови кои веројатно се носители и олицетворение на сличните мани и доблести како и во секое скопско маало, а истовремено тоа го прави со нерв за локална боја, без отфрлање на тегобноста, раскриено и толку читливо, сталожено иако крајно вознемирувачки, при што гради потресно привлечен ракопис. Со него, „Или-или“ во нагорна линија ја продолжуваат својата издавачка одредба да ги публикуваат новите „женски писма“ во Македонија, иако овој храбар „женско-неженски“ текст им бега умешно на ваквите квалификации. Жарко Кујунџиски
Бојан Бабиќ – Илегален Парнас
250,00 денГлавниот јунак на романот, провинциски архитект кому локалните безделничари му го даваат подбивниот прекар Курвазје, се обидува во родниот град М. да го изгради Парнас – комплекс градби сочинет од копии на делата на славниот архитект Ле Корбизје – културен центар каде што уметниците треба да се собираат и да работат на своите дела. Многу бргу се соочува со арогантноста на локалните политичари, заткулисните дејства на тајкуните и цела низа опструкции, типични за една темелно девастирана средина. Препуштен сам на себе и на својот идеализам, младиот архитект се обидува да го доврши своето животно дело, да го изгради она за што отсекогаш сонувал. Не сфаќајќи колку неговиот потфат е неостварлив, сместен во затворска ќелија, Курвазје запаѓа во сомнабулна состојба каде што се мешаат јавето и сонот, а неговиот свет сѐ повеќе станува фантазмагоричен и сеништен.
Бојан Бабиќ (Белград, 1977 г.) досега објавил девет книги поезија, кратки раскази и подолги прозни форми. За омнибус-романот „Девојчиња, бидете добри“ е награден со стипендија на „Фондот Борислав Пекиќ“. Израснал во Младеновац. Живее и работи во Земун.