370,00 ден

Босанците го трчаат почесниот круг

Автор: Иванчица Ѓериќ
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Магма
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Во основата на романот лежи приказната за војната, иако е раскажана посредно, како збир од приказни кои главната хероина и нараторка ги слушнала од своите сограѓани од босанската паланка. Тромук е своевидна босанска Јокнапатафа во која се раѓаат митски ликови, поголеми од животот, но кои како да се онеспособени за живот. Слично на Едип, ликовите Даниел, Ален, Мирко и Стефан се врзани за земјата од која бегаат, но никако не успеваат лошиот дух да го истераат од себе. Неуспешниот обид на главната хероина да ја исправи непоправливата грешка и нејзиното настојување да го разбере животот на својот брат се двата главни раскажувачки текови кои се преплетуваат во романот. На крајот, разврската не е можна. Секој обид за бегство од хтонскиот/тромучкиот свет во ванкуверскиот свет на големи секвои и океанска светлина се завршува со суштински пораз. Лагата и смртта не можат да се сокријат, без разлика колку обиди за тоа се направени. Цената која мора да ја платиме за вкусувањето на забранетото овошје со себе не ја носи само библиската симболика. Таа е стварна, како и Тромук во нас.

Questions and Answers

You are not logged in