Менталната институција во која се буди го пречекува Слободан само со нејасни фрагменти за неговото претходно постоење. Некогаш бил почитуван новинар а сега му велат дека сите негови сеќавања се лага. Никогаш не бил важен дел од општеството туку само маргинализиран запчаник од општествениот механизам каде ‘рѓата најмногу се наталожува. Слободан влегува во потрага по вистината, обременет од сомнежот дека можеби сите слики во неговиот ум се дел од шизофрена епизода. Неговите сожители не се најпријателски расположени, но тој сфаќа дека имаат уште нешто заедничко освен страшните кошмари. Како сѐ што им се случува да е дел од некоја лоша шега, како нивната терапија да е всушност заробеништво. Дали кошмарот ќе продолжи дури и ако неговиот план да побегне пропадне? Во што ќе се разбуди ако не успее да ја избегне процедурата на која сакаат да го подложат и ако таа ја заврти оската на механизмот во неговиот ум?
Светлана Алексиевич – Цинковите момчиња
350,00 ден„На кој јазик зборуваме со самите себеси, со другите? Ми се допаѓа јазикот на живиот говор, со ништо не е обременет, пуштен е на слобода. Во него сè е разиграно и весело – синтаксата, интонацијата, акцентите – па чувството може точно да се реконструира. Јас го следам чувството, а не настанот. Како се развивале нашите чувства, а не настаните. Можеби она што го правам прилега на работата на историчарот, но јас сум историчар на она што исчезнува без трага. Што се случува со големите настани? Тие се преселуваат во историјата, додека малите – но главни за малиот човек – исчезнуваат без трага. Денес едно момче (поради својата кревкост и болешливост, едвај личи на војник) раскажуваше колку е необично и истовремено занесно да се убива во група. И колку е страшно да се застрела некој.“
„Животот е незамисливо уметнички сам по себе и – колку и да звучи сурово – особено уметничко е човековото страдање. Темната страна на уметноста.“
„Оддавајќи ѝ признание на личната храброст на војниците и офицерите, испратени од Брежњевото раководство на КПСС да се борат во туѓа земја, која претходно ни беше пријателска, искрено споделувајќи ја болката на мајките чии синови загинале по авганистанските планини, писателката, воедно, во оваа книга бескомпромисно ги разобличува сите обиди да се хероизира и романтизира срамната авганистанска војна, ја развенчува лажната патетика и бомбастичниот патос.“