„Слободата чекори гола“ е една од најпреведуваните стихозбирки на поетесата Марам ал-Масри од Сирија/Франција, поетеса со извонредни интернационални успеси како еден од најпрепознатливите женски гласови од нејзината генерација. Во оваа стихозбирка Марам ал-Масри се става во улога на сведок на страдањата на нејзиниот народ во Сирија, давајќи им глас на оние што веќе не можат да зборуваат, артикулирајќи ја за нив и со нив страста за слободата што е движечката сила во нивната борба за слобода. Ова е книга со прониклив и трогателен звук на тажаленки за сите жртви од таа ужасна војна и за сите неизброени осакатени и мртви.
ЛОВОСТОЈ од Моника Херцег
300,00 денНад митологијата на поетскиот субјект и неговото нескриено и доминантно рацио, како тајни, но референцијално и цитатно присутни добри чуварки, бдеат фигурите на канонските светски поетеси, како што се Шимборска или Силвија Плат.