300,00 ден

НО-УИ

Автор: Лидија Димковска
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 171
Година на издавање: 2018

На залиха

,
Сподели

Чудесна проза! Еве ја одново одличната Лидија Димковска чие око вешто ги пронаоѓа како големи и ги става во преден план малите човечки судбини кои потресно ја ткаат возбудливата таписерија на животот. Во цврста структура што им се спротивставува на бурните историски настани и премрежија, колку далечни, толку и сегашни, приказната на една баба и една внука, лоцирана низ повеќе десетлетија со шарм на спокојна едноставност и со моќ на судбинска неминовност, во оваа проза го добива заслужениот химничен призвук. Оливера Николова

„Но-Уи“ е првиот вистински винтиџ роман во високата прозна мода во македонската книжевност. Љубов – втемелена во броени зборови во телеграма. Стоп. Јазик – поробен од молк. Стоп. Заборавен од преголемо сакање. Стоп. Низ речениците се војва девојка која плаче по споменик како по момче; жена која со венчаница во куфер оди на крајот на светот по маж; баба која пие две мориња, Јадранското и Тиренското, налеани во очите на дедото на нејзиниот живот и на нејзината смрт. И сето тоа, „за инает“ и на книжевноста и на модата на големите светски јазици. Оливера Ќорвезироска

Questions and Answers

You are not logged in