250,00 ден

Додека Данте спие

Автор: Силвија Митевска
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 167
Година на издавање: 2015

На залиха

,
Сподели

Силвија Митевска е млада прозаистка која и припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина,умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив. Силвија Митевска е авторка за која ќе се слуша во иднина, се повеќе и повеќе. Лидија Димковска

Ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Во дебитантската книга раскази на Митевска видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот. Книгата Додека Данте спие е вистинска радост за македонската современа прозна продукција. Венко Андоновски

Questions and Answers

You are not logged in