Еден избор може да те трансформира – или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во сите фракции расте немирот, Трис Прајор мора да продолжи да ги спасува оние што ги сака – а и себеси – додека се обидува да ги сфати тагата и прошката, идентитетот и лојалноста, политиката и љубовта. Со толку голем влог, изборите што ги прави Трис не влијаат само врз неа, туку и врз сите во нејзината околина. Во ова продолжение од серијалот, и во самите фракции се јавуваат поделби: токму тие поделби на крајот предизвикуваат огромно уништување, а Трис повторно осознава дека не е можно да се постигнат високи цели ако и самиот си поделен на половина. Таа мора целосно да ја прифати својата дивергентност, иако не знае што би можела да изгуби со тоа.
ГЛАДОМОРЈЕ од Јована Матевска Атанасова
300,00 ден„Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.