Дејството на Сто дена се случува во Руанда во 1994 година, во период на граѓанска војна во која е извршен масакр над половина милион луѓе. Главникот лик е Швајцарец кој оди во Руанда во политичка мисија и одеднаш се наоѓа во срцето на војната. Поминувајќи низ низа возбудливи и шокантни епизоди, главниот лик полека ја исцртува големата и сложена слика на Лукас Берфус за природата на насилството и за бесмисленото страдање. Ова е исклучително моќен и трогателен роман кој ги прикажува поразителните последици на современата Западна политика и се осврнува на човечките трагедии кои остануваат речиси потполно незабележани во бесчувствителниот и безмилосен свет во кој живееме. Заради храбрите теми и заради својот иновативен уметнички стил, Сто дена беше во најтесната конкуренција за повеќе еминентни германски книжевни награди.
Бојан Бабиќ – Илегален Парнас
250,00 денГлавниот јунак на романот, провинциски архитект кому локалните безделничари му го даваат подбивниот прекар Курвазје, се обидува во родниот град М. да го изгради Парнас – комплекс градби сочинет од копии на делата на славниот архитект Ле Корбизје – културен центар каде што уметниците треба да се собираат и да работат на своите дела. Многу бргу се соочува со арогантноста на локалните политичари, заткулисните дејства на тајкуните и цела низа опструкции, типични за една темелно девастирана средина. Препуштен сам на себе и на својот идеализам, младиот архитект се обидува да го доврши своето животно дело, да го изгради она за што отсекогаш сонувал. Не сфаќајќи колку неговиот потфат е неостварлив, сместен во затворска ќелија, Курвазје запаѓа во сомнабулна состојба каде што се мешаат јавето и сонот, а неговиот свет сѐ повеќе станува фантазмагоричен и сеништен.
Бојан Бабиќ (Белград, 1977 г.) досега објавил девет книги поезија, кратки раскази и подолги прозни форми. За омнибус-романот „Девојчиња, бидете добри“ е награден со стипендија на „Фондот Борислав Пекиќ“. Израснал во Младеновац. Живее и работи во Земун.