Се очекуваше ваква книга да се појави во Полска, Чешка, Унгарија или дури и во Германија, но наместо тоа, се појави во Бугарија. И ако за Западна Европа и остатокот од светот таа беше изненадување, не беше никаков шок за бугарските читатели, оние кои го познаваат и го почитуваат Владимир Зарев и неговите единаесет романи во изминатите неколку децении. Романот низ европските метрополи предизвика бројни осврти, особено во водечките медиуми од германското говорно подрачје, а за самиот автор е снимен документарен филм насловен Бугарскиот Балзак во кој критичката мисла го споредува со Томас Ман, Достоевски, Маркез и Булгаков. Поодделни осврти го доближуваат до Апдајк по начинот на кој се градени и профилирани неговите ликови.
Човекот што зборуваше змиски Андрус Кивирахк
400,00 денОва е приказна за момчето Леемет, жител на една естонска шума во времето на средновековна Европа, кој има за задача да ги зачува древните традиции на прагот на модерното време.