Мало село северно од Поларниот круг. Со чувство дека нешто и недостасува во животот, Катерине се разделува од мажот и за прв пат патува во светот од другата страна на Поларниот круг. Ја гледа Ајфеловата кула, запознава мажи, се заљубува, се разочарува и се враќа сигурна дека онаа малку среќа што ја има и е сосемa доволна. Една жена тргнува по својата среќа.
ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф
300,00 денВирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.