Бистра не вели ништо. Како да и е страв од Симона. Како можеше пред малку онака да се смее и да се зеза пред продавница?
Симона не забележува дека ја гледаме.
− Симона… кај ојме?
Насетувам нијанса стравопочит во сопствениот глас.
Ништо. Симона е во транс.
Би и се приближува.
− Симона, на кај идеме?
Симона отсечно ги подраширува очите. Дури и погледнува лево-десно. Не вели ништо.
Нема поим кај одиме.
Кутра девојка. Изгубена е. Во секоја смисла. Вози право, без размислување. Како да сака да избега од куферот.
Како куче на кое му врзале канта на опашката.
САГА ЗА ОЛАФ СВЕТИОТ од Снори Стурлусон
400,00 ден„Сага за Олаф Светиот“ се смета за скапоцен камен меѓу сагите за норвешките кралеви