Давид Фоенкинос (Париз, 1974) е француски писател, сценарист, режисер, музичар. Студирал литература и музика во Париз. На шеснаесетгодишна возраст бил принуден подолго време да мине во болничка постела. Во тој период почнува со огромен жар да чита литературни дела, да слика и да свири гитара. Фоенкинос се вбројува меѓу најдобрите француски писатели од новата генерација, мајстор за романтични комедии. Неговите дела зрачат со леснотија, едноставност и хумор. Романот Еротскиот потенцијал на мојата сопруга бил многу добро прифатен како од критичарите така и од читателската публика, и за него ја добива наградата „Роже-Нимие“. Следат романите: Кој се сеќава на Давид Фоенкинос, Ленон, Сеќавања, Шарлота, Мистеријата Анри Пик итн. Добитник е на голем број награди. Романите му се преведени на повеќе од четириесет јазици. Романот Деликатност ќе направи пресврт во неговата кариера. Веднаш по излегувањето станува бестселер во Франција и се наоѓа на сите листи за најпрестижните литературни награди во Франција. Добива десет награди и достигнува милионски тираж. Според романот е снимен истоимен филм со Одри Тату и Франсоа Дамиен во насловните улоги.
ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф
300,00 денВирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.