Литературата може да биде заразна, но исто така може да биде и единствено средство за спас. Барем такво е искуството на Хосе, „недоверливиот наратор“ на наградуваниот роман на Енрике Вила-Матас, човек и писател кој е толку опседнат со книгите на одредени славни автори, што не може да пишува или да каже збор без да се повикува на нивните дела или на нивните животи, и чијашто болка се претвора во вистинска болест од книжевноста, во неможност да го разликува вистинскиот живот од фикцијата. Обидувајќи се да пишува и зборува за својот живот полн со загуба и болка, Хосе го води читателот на едно чудно патување низ повеќе градови во Европа, од Нант, Барселона, Лисабон, Прага и Будимпешта, па сè до Азорските острови и Валпараисо во Чиле. Ова сложено постмодерно дело, кое во себе содржи траги од пикарски роман, интимен дневник, мемоар, филозофска скица, Вила-Матас го гради како еден вид на лавиринт во кој се среќаваат автори како Сервантес, Борхес, Кафка, Музил, Зебалд и Магрис. Напишан со извонредна вештина и ерудиција, овој роман го потврдува мислењето на современата критика дека Енрике Вила-Матас е еден од најзначајните шпански автори на денешнината.
ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф
300,00 денВирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.