Данило Коцевски – Интелектуалци, политика, култура

500,00 ден

Новата книга на Данило Коцевски – „Интелектуалци, политика, култура“, изобилува со критичко-есеистички интонирани текстови, сѐ до нагласено полемички теми. Во нив низ критичка опсервација на низа актуелни случувања од областа на книжевноста, културата, политиката, филозофијата и урбаните феномени е прикажан духот на нашето време. Данило Коцевски во оваа книга ја анализира улогата и позицијата на интелектуалците во современото општество. Книгата е поделена на три дела. Секој дел од тријадата „интелектуалци, политика и култура“ го загатнува односот помеѓу интелектуалците, политиката и културата. Овој однос станува особено интригантен во денешното време, кога владее глобална релативизација на вредностите, каде што не постојат цврсти средишта, авторитарни тврдења, беспоговорни вистини, идеологии и толкувања. Коцевски, на својот единствен и оригинален начин, преку своите текстови ги анализира основните прашања на денешното живеење – каква е и во што се состои политичката улога на интелектуалците денес и каков е нивниот однос кон политиката, општеството и културата. Всушност, книгата „Интелектуалци, политика, култура“ дава луцидни коментари за интелектуалната и политичката состојба кај нас и во светот. Книгата „Интелектуалци, политика, култура“ е обид не да се „избега“, туку напротив, да се биде во фокусот на настаните.

Џорџ Орвел – За национализмот

400,00 ден

Ако конечниот тест на секое уметничко дело е неговиот опстанок, тогаш делата на Орвел несомнено го положија овој тест со најдобра оценка. Релевантноста на овие текстови се потврдува во сите цивилизациски периоди. Оваа збирка политички есеи силно го прикажува внатрешниот конфликт на Орвеловиот светоглед, Орвел уметникот и Орвел активистот, кои напати се во хармонија, а напати во расчекор. Орвел уметникот е заробен во магијата на зборовите, во ритамот на нивните низи, во деталите и нијансите, а Орвел активистот е разгневен од неправдата, буден учесник во создавањето и менувањето на општеството, негов строг критичар и набљудувач. Во некои помирни времиња можеби со сета енергија ќе ѝ се препуштел на уметничката естетика и стилистиката, но непосредното искуство со империјализмот, фашизмот и сиромаштијата ги активирале неговата политичка свест и одговорност. Овие есеи ја поткопуваат наивната разлика помеѓу политиката и секојдневниот живот, покажувајќи колку несвесно примаме пораки од вредносен и идеолошки тип, и колку сме подложни на пропаганда и манипулација.