Агенда.мк

контент агрегатор

Крамер: Македонците себе си се гледаат како дел од Европа Крамер: Македонците себе си се гледаат како дел од Европа
Трансатлантските интереси и вредности се доведени во прашање поради застојот во проширувањето на ЕУ, и Вашингтон и Лондон сакаат да наметнат своја агенда за... Крамер: Македонците себе си се гледаат како дел од Европа

Трансатлантските интереси и вредности се доведени во прашање поради застојот во проширувањето на ЕУ, и Вашингтон и Лондон сакаат да наметнат своја агенда за продлабочена соработка со сојузниците од Западен Балкан.

Според Ричард Крамер, претседател на невладината организација “Алијанса САД и Европа”, идејата е да се зачува и надгради европската безбедност и просперитет, посебно во време на подем на сили противници на трансатлантските интереси и вредности.

Крамер, соработник во “Институтот за истражувања во надворешната политика”, експерт за Турција, Авганистан и Ирак и поранешен советник на владите на Грузија и Црна Гора, во интервју за МИА изјави дека “Западен Балкан е посебно ранлив на влијанието на овие сили, сега кога проширувањето на ЕУ со нови членки во регионот е закочено од француското вето”.

“Подемот на Кина во регионот, со ефективно раздавање милионски кредити без претходен скрининг и поставени услови, а „ако проектите пропаднат, со обезбедените хипотеки, на пример на земјиште, Кинезите го зацврстуваат влијанието на долг рок“, но и дестабилизирачките активности на Русија, поттикна алијансата да подготви нон-пејпер (нацрт политичка програма) за ново англо-американско партнерство за Западен Балкан”, рече Крамер.

“Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го запре проширувањето на ЕУ дојде во посебно важен период за Западен Балкан.

Се

Целиот текст тука!

A1 on

Оваа вест е превземена од A1on. Повеќе на www.A1on.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *