Агенда.мк

контент агрегатор

Одговорност за штета од животни Одговорност за штета од животни
Одговорност на имателот За штета причинета од животно одговара неговиот имател, било тоа да се наоѓа кај него, било да се загубило или избегало.... Одговорност за штета од животни

Одговорност на имателот
За штета причинета од животно одговара неговиот имател, било тоа да се наоѓа кај него, било да се загубило или избегало.
Имателот одговара и за штетата што вознемиреното животно ќе му ја причини на лицето кое со добра волја настојувало да го укроти и задржи.
Како имател, се подразбира сопственикот, закупецот, послугопримачот, плодоуживателот и слично.
Животно доверено на чување или грижа на друг
За штетата причинета од животно дадено на користење, односно доверено на чување или грижа на друг или доверено на чување или грижа на установа во рамките на нејзината редовна дејност, одговараат другиот и установата, како што би одговарал и имателот.
Имателот кој предал животно на друг за овој тоа да го користи, или го дал на чување или грижа, должен е на другиот односно на чуварот да им укаже на маните на животното, ако ги има, во спротивно ќе им одговара за штета солидарно со другиот.
Животно затекнато при причинување на штета
Сопственикот, односно корисникот на земјиштето има право животното кое ја причинува штетата на неговиот имот, да го фати и да го задржи кај себе до надоместувањето на штетата.
Тој е должен, без одлагање да го извести имателот на животното за штетата и задржувањето, а ако не знае кој е имателот, надлежниот орган на локалната самоуправа.
Ако имателот не ја надомести штетата во разумен рок, во поглед на надоместувањето соодветно се применуваат правилата за правото на задржување уредени со овој закон.

Агенда

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *