Агенда.мк

контент агрегатор

Преддоговор Преддоговор
Преддоговор е таков договор со кој се презема обврска да се склучи подоцна друг, главен договор. Ако пропишаната форма е услов за полноважноста на... Преддоговор

Преддоговор е таков договор со кој се презема обврска да се склучи подоцна друг, главен договор.

Ако пропишаната форма е услов за полноважноста на главниот договор, тогаш одредбите на овој закон за формата на главниот договор важат и за преддоговорот

Преддоговорот обврзува ако ги содржи суштествените состојки на главниот договор.

На барање од заинтересираната страна судот ќе и наложи на другата страна која одбива да пристапи кон склучување на главниот договор да го направи тоа во рокот што ќе и го определи.

Склучување на главниот договор може да се бара во рок од шест месеци од истекот на рокот предвиден за негово склучување, а ако тој рок не е предвиден, тогаш од денот кога според природата на работата и околностите договорот требало да биде склучен.

Преддоговорот не обврзува ако околностите од неговото склучување толку се измениле што не би бил ни склучен да постоеле такви околности во тоа време.

Агенда

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *