Агенда.мк  агреагтор лого
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше синоќешната победа (2:1) на мечот за Суперкупот на Франција против Марсеј. Трофејот освоен во Ленс беше...

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше синоќешната победа (2:1) на мечот за Суперкупот на Франција против Марсеј. Трофејот освоен во Ленс беше прв за Аргентинецот како предводник на на парискиот клуб.

– Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам од него. Јас тренирам со ПСЖ скоро две недели, работиме многу. Ова е само почетокот. Ние веруваме дека со текот на времето ќе можеме да ги зајакнеме нашите идеи и напредок. Сакам да се заблагодарам на управата на клубот, фудбалерите и мојот претходник, Томас Тухел, заедно со неговиот тренерски штаб. Благодарение на овие луѓе, имавме шанса да го освоиме Суперкупот, изјави Покетино за „Канал +“.

Суперкупот на Франција беше првиот официјален трофеј во кариерата на Покетино.

Пред ова, аргентинскиот специјалист победи на пријателскиот Куп Ауди во 2019 година додека беше тренер на Тотенхем.

Целиот текст тука!

Idividi

Оваа вест е превземана од Идивиди. Повеќе на www.idividi.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *