Агенда.мк  агреагтор лого
Hyundai ги објави првите тизери за Ioniq 5 Hyundai ги објави првите тизери за Ioniq 5
Hyundai Ioniq 5 следниот месец ќе ја доживее својата официјална премиера, а корејскиот производител сега објави неколку тизери кои откриваат доста за да добиеме... Hyundai ги објави првите тизери за Ioniq 5

Hyundai Ioniq 5 следниот месец ќе ја доживее својата официјална премиера, а корејскиот производител сега објави неколку тизери кои откриваат доста за да добиеме претстава што можеме да очекуваме. Веќе е познато дека Ioniq 5 ќе биде базиран на концептот 45, а продукциската верзија ќе стане првото електрично возило базирано на новата E-GMP архитектура.

[embedded content]

Како што може да се забележи од овие тизери, Ioniq 5 ќе има карактеристичен дизајн кој не изгледа како ништо друго што може да се најде во поставата на Hyundai. Ова не е случајно, бидејќи компанијата веќе најави дека можеме да очекуваме „темелни промени“ во дизајнот на електричните возила.

И додека Hyundai ги чува деталите во тајност, она што можеме ние да го забележиме е дека кросоверот се карактеризира со пикселни предни светла кои се „сугестивни за дигиталната технологија која ја поседува“. Хаубата ќе се протега низ целата ширина на автомобилот, со што се минимизира процепот меѓу панелите и се креира чист и хај-тек изглед.

Освен тоа, тука е и целосно затворената решетка и дигиталните странични ретровизори. Забележливи се и контрастните заштитни обвивки на долниот дел од автомобилот, тенките задни светла и аеродинамички оптимизираните тркала кои се со димензија до 20 инчи.

Hyundai Ioniq 5

Hyundai Ioniq 5

Спецификациите се чуваат во тајност

Кога станува збор за полнењето, од Hyundai истакнуваат дека Ioniq 5 има ултра брзи полнечки способности. Конкретно, со петминутно полнење, кросоверот може да помине повеќе од 100 километри според WLTP циклусот. Ова и не се многу детали, но Hyundai Austria по грешка објави перформансни спецификации пред извесно време. Ако тие бројки се точки, тогаш можеме да очекуваме погон на сите четири тркала и моќност од 313 КС, а забрзувањето до 60 милји на час (0-96 км/ч) се достигнува за 5,2 секунди.

[embedded content]

Се уште нема информации за капацитетот на батеријата, но моделот според најавите треба да пристигне со 450 километри автономија според WLTP. Тоа не е некоја преголема бројка, но наводно автомобилот ќе дојде со соларен покрив кој треба да помогне во полнење на батериите кога автомобилот е паркиран.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *