Агенда.мк  агреагтор лого
Првиот човек на Ла Лига испрати провокација до Зидан, Французинот возврати: Јас само кажав факт од кој не се бега! Првиот човек на Ла Лига испрати провокација до Зидан, Французинот возврати: Јас само кажав факт од кој не се бега!
Хавиер Тебас ова попладне беше доста дрзок и го прозва Зинедин Зидан во пресрет на одигрувањето на полуфиналните натпревари во шпанскиот Суперкуп, нагласувајќи дека... Првиот човек на Ла Лига испрати провокација до Зидан, Французинот возврати: Јас само кажав факт од кој не се бега!

Хавиер Тебас ова попладне беше доста дрзок и го прозва Зинедин Зидан во пресрет на одигрувањето на полуфиналните натпревари во шпанскиот Суперкуп, нагласувајќи дека тренерот на Реал Мадрид се жалел за условите во Памплона само поради тоа што неговиот тим не оствари очекувана победа.

Францускиот стручњак се пожали за цела планификација и цела логистика од страна на Ла Лига, започнувајќи со ризичниот лет од Мадрид до Памплона кој траеше цели четири часа, па се до лошите услови за игра каде добар дел од теренот на „Ел Садар“ беше и замрзнат во саботата вечерта. Реал Мадрид одигра само 0:0 против Осасуна и Зидан се пожали дека тоа не било фудаблски натпревар, по што денеска беше јавно прозван од страна на првиот човек на Ла Лига.

– Не знам какви информации добил Зидан, но јас веќе сум видел изјави како онаа неговата. Сум видел безброј тренери како пронаоѓаат изговори кога не им оди добро на натпреварите, а изјавата на Зидан само се надополнува во оваа долга листа која никогаш нема да има крај. Ќе разговарам со Флорентино Перез, не сум задоволен од бурата која се предизвика околу натпреварот со Осасуна, – изјави Хавиер Тебас.

Во пресрет на утрешниот полуфинален натпревар со Атлетик Билбао, Зинедин Зидан не можеше да избегне прашање на оваа тема, па сега Зизу беше доста мирно настроен и нагласи дека не сака да навлегува во дополнителни препукувања со одговорните лица.

– Нема потреба да му одговарам на Тебас. Тоа е веќе минато, тоа што се случи, се случи. Сега мислам на утрешниот натпревар против Билбао, тоа ме интересира мене и моите играчи. Пред неколку дена го кажав тоа што требаше да го кажам. Тоа не беше изговор, тоа беше факт од кој не можеше да се избега, – нагласи Зидан.

The post Првиот човек на Ла Лига испрати провокација до Зидан, Французинот возврати: Јас само кажав факт од кој не се бега! appeared first on Дерби.

Целиот текст ТУКА!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *