

Ник Картер со сопругата објавија дека очекуваат …
Најнови вестиФемина јануари 13, 2021 Femina 0

• Среда, 13 Јануари 2021 17:17
Ник Картер и неговата сопруга Лорен имаат среќна вест. Парот наскоро ќе го добие третото дете.
40-годишниот пејач од Backstreet Boys сподели видео од преглед со ултразвук на кое се гледа нероденото бебенце. „Понекогаш животот те благословува со мали изненадувања“ – напиша тој.
Бременоста била тотално изненадување за Лорен, која дознала дека е во блажена состојба во петтиот месец од бременоста.
„Мислевме дека ќе имаме две деца, беше изненадување. Дознав дека сум бремена кога бев пет и пол месеци бремена. Немав симптоми. Ништо не ми укажуваше дека сум бремена. Еден ден почувствував дека нешто се движи во моето тело и реков: ‘Ник, нешто не е во ред. Сметам дека треба да одам на доктор’“ – раскажа таа за People и призна дека првично мислела дека има тумор.
Двојката има две деца – 4-годишниот Один и 15-месечната Сирша. Пред да ја роди ќеркичката, Лорен имала неколку спонтани абортуси, од кои еден во вториот триместар.
„Мојот последен спонтан абортус, оној пред Сирша, беше загуба во вториот триместар, а тоа е потрауматско. Беше слична ситуација како на Криси Тиген. Кога таа излезе со таа сторија, ние бевме многу среќни затоа што си
Нема коменари.
Оставете коментар први.