Агенда.мк  агреагтор лого
Мицотакис барa ковид пасош за вакцинираните за патување низ светот Мицотакис барa ковид пасош за вакцинираните за патување низ светот
Facebook Twitter Google+ Pinterest WhatsApp Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, побара од своите колеги во ЕУ да се направи заеднички сертификат за вакцинираните граѓани од... Мицотакис барa ковид пасош за вакцинираните за патување низ светот

Facebook

Twitter

Google+

Pinterest

WhatsApp

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, побара од своите колеги во ЕУ да се направи заеднички сертификат за вакцинираните граѓани од Ковид 19.

Тој смета дека на овој начин ќе може да патуваат сите вакцинирани, а нивното преминување преку граница ќе биде олеснето.

Грција веќе најави дека оваа сезона во нивната земја ќе може да дојдат сите оние кои ја примиле вакцината против Ковид 19, а за тоа имаат уредна документација.

Владата на Мицотакис веќе има подготвено протокол за влез во нивната земја, бидејќи сака да го оживее туризмот, како главна економска гранка уште пред стартот на летната сезона.

Мицотакис ѝ упатил писмо на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во кое предлага шаблонот што го подготвила Грција да важи за сите земји членки на унијата.

Тој уште подвлекува дека вакцинирањето не е задолжително, но оние што решиле да примат вакцина треба слободно да патуваат.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *