Агенда.мк  агреагтор лого
Компанијата LG вработи виртуелен инфлуенсер за рекламирање на нивните производи Компанијата LG вработи виртуелен инфлуенсер за рекламирање на нивните производи
Реа Ким е како и секое друго вработено човечко суштество – таа ја сака својата работа, се грижи за иднината, планира годишни одмори. Сепак,... Компанијата LG вработи виртуелен инфлуенсер за рекламирање на нивните производи

Реа Ким е како и секое друго вработено човечко суштество – таа ја сака својата работа, се грижи за иднината, планира годишни одмори. Сепак, таа е инфлуенсерка кој значително се разликува од другите лица.

Имено, Ким не е вистинската личност, туку дел од компанијата LG – виртуелна инфлуенсерка чија прва задача беше да ги претстави новите роботи LG CLO и UV-C. Тоа се роботи чија задача е да испуштаат UV-C зраци на локации кои се многу посетени, со што се елиминираат штетните бацили. Ким зборуваше за роботите како за важни елементи за иднината на туризмот, а истакна дека со нетрпение очекува да патува во светот во кој всушност таа не постои.

Ова вработено лице во компанијата LG има околу шест илјади следбеници на Инстаграм и страница на SoundCloud со една песна. Таа се приклучи на семејството на виртуелни инфлуенсери кое што постоеше и пред неа, а кои се тука веќе некое време – тие ја градат иднината на маркетингот, во кој клучните фактори ќе бидат токму тие.

[embedded content]

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *