Агенда.мк  агреагтор лого
Геологијата не е само машка професија – порачаа ученички од Битола на европски натпревар Геологијата не е само машка професија – порачаа ученички од Битола на европски натпревар
Геологијата да не биде само машка професија, туку и женска! Ова беше мисијата на четирите деветтоодделенки од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, единствените... Геологијата не е само машка професија – порачаа ученички од Битола на европски натпревар

Геологијата да не биде само машка професија, туку и женска! Ова беше мисијата на четирите деветтоодделенки од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, единствените од Македонија што го кренаа гласот на меѓународниот натпревар „Science teachers in Europe” (Наставниците по природни науки во Европа) што неодамна се одржа онлајн.

Натпреварот беше во организација на Европската федерација на геолози со наслов „Покажете ни што мислите дека работат геолозите“. Со триминутно видео деветтоодделенките Михаела Нешковска, Ангела Котевска, Ана Марија Вељковиќ и Анастасија Бејковска, под менторство на наставничката по физика Валентина Степановска-Андонова, успеаја да се пласираат меѓу финалистите заедно со учесничките од Португалија, Шпанија, Финска, Англија, Италија и Индија.

– Овој натпревар беше исклучиво наменет за девојки од 13 до 18 години, со цел ученичките да се поттикнат и да ја одберат во иднина професијата геолог. Иако не ги добивме главните награди, сепак, стекнатите сертификати сведочат дека бевме достојни и единствени претставници од земјава во јака конкуренција од десетици училишта во Европа, како и добри промотори на нашето училиште, град и држава – вели наставничката Степановска-Андоновска.

Алшар ја крие тајната на настанокот на космосот и Сончевиот Систем

Ученичките од Битола пред Европа се претставија со мистеријата на рудникот Алшар, во близина на

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *