Агенда.мк  агреагтор лого
Брза тава со ќофтиња и стек Брза тава со ќофтиња и стек
1. Пилешкиот стек го сечеме на пола по дебелина, и го запржуваме колку да се вцрви убаво. Во амурот ја рендаме едната главица кромид,... Брза тава со ќофтиња и стек

1. Пилешкиот стек го сечеме на пола по дебелина, и го запржуваме колку да се вцрви убаво. Во амурот ја рендаме едната главица кромид, правиме ќофтиња и ги пржиме во истата мрснотија од стекот. Пржениот стек го сечкаме на помали парчиња и заедно со пржените ќофтенца го ставаме во земјена тава.

2. Втората главица кромид ја сечкаме и ја пржиме во мрснотијата. Додаваме сечкана чадена сланина, кога ќе се запржат заедно ги додаваме и шампињоните и пржиме убаво да се зацрват. Сета смеса ја истураме во тавата врз месото.

3. Путерот го пржиме во тенџере, додаваме брашно, и пополека дотураме млеко. Зачинуваме со сол и бибер по вкус и уште врел го додаваме во тавата. Покриваме со фолија и ја ставаме во загреана рерна на 250 степени околу еден час.

По еден час ја откриваме тавата, редиме парчињата кашкавал и ја враќаме уште десетина минути да се растопи и потпече кашкавалот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс – Наведи извор – Некомерцијално – Сподели под исти услови

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *