

Тава со компир и сланина – Прилог кон главно јадење
КуварМои рецепти јануари 11, 2021 Moi recepti 0

На секого му е потребна идеја во кујната…Ова е еден вкусен празничен прилог кон главно јадење…
1. Компирите ги вариме, лупиме, ги ладиме.
2. Секој компир го засекуваме на три дела и во секој засек му ставаме парче тенко исечена сланина.
3. Ги намаслуваме и ги зачинуваме со бибер, буковец и рузмарин.
4. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 200 степени.
5. Откако ќе се запечат ги залеваме со разматена павлака со јајца, која сме ја зачиниле со бибер и сол.
6. Ги посипуваме со рендан кашкавал и сечкан магдонос
.
7. Ги запекуваме колку да се растопи чашкавалот.
8. Ги вадиме од рерна и ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
Нема коменари.
Оставете коментар први.