

Празнична егзотична бајадера
КуварМои рецепти јануари 11, 2021 Moi recepti 0

Скоро секоја година подготвувам бајадера за Божиќ, овој пат се одлучив таа да биде егзотична…
Подготовка
1. Бананата заедно со кондензираното млеко ја блендираме во Нутрибулет или блендерот што си го имате во кујна.
2. Смесата ја соединуваме со мелените бисквити, оревите, кокосовиот путер и кората од портокал.
3. Ја расплескуваме на силиконска тава или на најлонска фолија.
4. Ја одложуваме во фрижидер.
5. Откако ќе се стегне и се соединат вкусовите ја сечеме на форми по желба.
6. Ја сервираме и ја прелеваме со солен карамел крем и посип од чоколадни парченца.
Лиценца: Сите права се задржани
Нема коменари.
Оставете коментар први.