

Влијае ли храната на расположението?
КуварСе за храна ноември 24, 2020 Se za hrana 0

Често читаме и слушаме како правилната и балансирана исхрана влијае на телесното здравје и превенција од хронични болети. Ама, дали сте знаеле дека храната има важна улога и во одредување на расположението? – Да, и тоа како! Протеините, витамините…, сите тие имаат посебна важност за менталното здравје на човекот.
Храната на расположението може да влијае и позитивно и негативно, а тоа зависи од начинот на исхрана. Недостатокот на одредени хранливи материи, небалансирана, еднолична и нередовна исхрана може да предизвикаат нерасположеност, па дури и раздразливост. Од друга страна пак, внесот на потребните нутриенти, правилната и редовна исхрана го подобруваат расположението.
Протеини за синтеза на хормонот на среќа – серотонин
Протеините се важен дел од правилната исхрана и имаат улога во расположението. Со внесот на храна која содржи протеини, се внесува аминокиселината триптофан. Триптофанот во организмот се претвора во серотонин кој уште се нарекува и хормон на среќата. Триптофанот го има во храна богата со протеини:
живина јајца млеко и млечни производи јаткасти плодови мешунки. Јаглехидратите даваат енергија
Јаглехидратите се главен извор на енергија за организмот и ја подобруваат концентрацијата. Мозокот користи околу 20% од енергијата која се внесува со јаглехидрати. При консумирањето на јаглехидрати, предност дајте им на житариците од
Нема коменари.
Оставете коментар први.