Агенда.мк  агреагтор лого
Ванила, меки бухтли, полнети со мармалад од аронија Ванила, меки бухтли, полнети со мармалад од аронија
Во топлото млеко ставаме едно лажиче шеќер, го додаваме квасецот и лажиче брашно,Промешуваме и остаавме да се активира.Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец,... Ванила, меки бухтли, полнети со мармалад од аронија

Во топлото млеко ставаме едно лажиче шеќер, го додаваме квасецот и лажиче брашно,
Промешуваме и остаавме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, сол, ванилите, јајце,остатокот на шеќер и промешуваме.
Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, понамеко замесено тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме втасаното тесто на 12 топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало кориче.
Во средината ставаме по 1 мало лажиче мармалад од аронија и пак формираме топче.
Дното на садот каде ќе печиме го премачкуваме со растопен путер.
На ист начин ги подготвуваме сите бухтли.
Одозгора ги премачкуваме со растопениот путер.
Оставаме на топло да одстојат 30 минути.
Ги печиме во загреана рерна на 180 с околу 30 минути.
Малку нека подизладат, па ги наросуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *