Агенда.мк  агреагтор лого
Трета ќерка: Нова радост за Пере од Нокаут Трета ќерка: Нова радост за Пере од Нокаут
• Сабота, 21 Ноември 2020 22:28 Никола Перевски – Пере има убав повод за славење. Музичарот од бендот Нокаут го доби третото дете. Неговата... Трета ќерка: Нова радост за Пере од Нокаут

• Сабота, 21 Ноември 2020 22:28

Никола Перевски – Пере има убав повод за славење. Музичарот од бендот Нокаут го доби третото дете.

Неговата сопруга Јована роди девојче, а веста ја сподели неговиот брат Бојан, кој откри дека новороденчето го добило името Софиа.

„Мекицииииии! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3-та ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка! Јас пак по трет пат сум горд чичко! А светот? Светот ја доби Софиа Перевска! Со љубов против сите зла“ – стои во пораката на Бојан.

Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3та ќерка со својата љубов…

Posted by Bojan Perevski on Friday, November 20, 2020

Oд претходниот брак, Пере има две ќерки – 21-годишната Михаела и 13-годишната Каја.

Целиот текст тука!

Femina

Оваа вест е превземана од Фемина. Повеќе на www.femina.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *